СРАМНО: Хрватски салон за убавина ги повика луѓето да им испратат фотографии од задници на непознати жени/ФОТО

202
Фото: Printscreen Instagram

Салон за убавина во Загреб, кој нуди услуги за вакуум третман за обликување на стомакот и задникот, организира наградна игра во која ги повикува своите придружнички да им испратат фотографии од задникот на непознати жени од плажите на кои им е потребно лекување.

„Ги замолуваме поединците да не се лутат, наша цел не е никого да засрамиме, туку да ги мотивираме останатите, затоа сфатете го ова на спортски начин. Секако дека нема да се видат лица а авторите на фотографиите ќе останат познати само за нашата редакција“, објавија тие на Инстаграм, но нивната наградна игра предизвика бурни реакции во јавноста.

Објавата е избришана по бројните негативни коментари, но беше забележана на страницата „Seksizam naš svagdašnji“, пишува Вечерни.хр

Јавен повик на центарот за разубавување за посрамотување, објективизација и малтретирање жени на јавно место“, стои во описот на објавата.

„ Плажата е место каде што доаѓаме да се опуштиме, а не да станеме предмет на нечиј потсмев“, „Срамно“, „Грозно“, „Каква личност треба да бидеш за да смислиш ваква идеја“, се само дел од бројните коментари.