СП во ракомет: Македонија загуби и од Исланд, ќе разигрува за пласман од 13 до 16 место

74

Македонската ракометна репрезентација го претрпе третиот и најболен пораз на Светското првенство во Германија и Данска. Овој пат во директен дуел за пласман во главната фаза избраниците на тренерот Раул Гонзалез, загубија од Исланд со 24:22.

Дуелот меѓу двете селекции, стари познаници, се играше воглавно во егал и беше неизвесен. Ристовски и Густавсон блескаа меѓу стативите, а победникот се реши во последните пет минути, во кои постабилен во нападите беше Исланд. Поради поразот заврши и сонот на оваа генерација, за пласман на едни

Олимписки игри. Во разигрувањето за пласман од 13 до 16 место, Македонија ќе се сретне со Русија и Србија.
Најдобар кај Исланд беше Гунарсон со десет гола, додека кај Македонија, Манасков и Лазаров дадоа по пет гола, Талески заврши со четири, а Пешевски даде три гола.

Македонија ја завршува групната фаза на четвртото место, со две победи над Бахреин и Јапонија и три порази од Хрватска, Јапонија и Исланд.