„Спутник V“ покажува добри резултати и против мутациите на вирусот

658

Руската вакцина „Спутник V“, покажува добри резултати и против новите мутации на коронавирусот, изјави Денис Логунов, заменик директор на рускиот Национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, кој што ја разви оваа вакцина.

„Неодамнешното истражување спроведено од Центарот ‘Гамалеја’ во Русија покажа дека ревакцинацијата со вакцината ‘Спутник V’ работи многу добро против новите мутации на коронавирусoт, вклучително и соевите на коронавирус од Велика Британија и Јужна Африка“, рече Логунов.

Тој додаде дека, според руските истражувачи, се верува дека вакцините базирани на вектор се всушност подобри за идните ревакцинации отколку вакцините засновани на други платформи“.

Испитувањето како што рече Логунов, покажало дека ревакцинацијата не влијае на ефикасноста на вакцината.