Спортската сала ќе добие современо, економично загревање

32

Општина Крушево објави тендер за изработка на основен проект за загревање и ладење на спортската сала „Ѓорѓи Стојанов“  со употреба на топлински пумпи. Проектот ќе опфаќа модерни технологии кои загревањето ќе го направат економично и одржливо.

Целосната изведба на системот ќе биде финансирана во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од ЕУ, администриран од Светска Банка и имплементиран од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на вицепремиерот за економски прашања во Владата на Република Северна Македонија и општина Крушево.

Спортската сала е целосно реконструирана и по инсталирањето на системот за загревање и ладење ќе биде целосно оспособена за користење.