Австралискиот тенисер Ник Кирјос  ги шокираше сите на првиот грен-слем турнир  Австралија Опен со својата најнова колумна за весникот „The Age“. Тенисерот од Канбера кој сè уште не е во можност да се врати на теренот, најави можност предвреме да ја заврши кариерата.

Ник призна дека пред неколку дена седнал со својот агент Стјуарт Дагвуд и разговарале за неговата иднина.

„Тоа е разговор што мораше да се направи. Јас сум на крстопат на мојата кариера и дојдов до тој момент кога животот после тенисот е нешто што ме возбудува. Затоа менаџерот реши да ми го претстави. Тој рече „Ова отсега може да биде твојата иднина“. Би можел да патувам низ светот и да заработам за живот правејќи спортски коментари, правејќи ги работите што ги правам сега во моето ток-шоу, интервјуирајќи луѓе како Гордон Ремзи и Мајк Тајсон“, откри Кирјос.

Ник изјави и дека е свесен дека телото полека го издава, а доказ за тоа е што речиси една година не може да игра.

„Реалноста е дека дел од мене знае дека моето време во спортот може да истече. И јас сум совршено добро со тоа“, додаде тој.

Тој исто така истакна дека нема намера да се пријави за настап на Олимписките игри во Париз ова лето, а кажа и дека сè уште не ја заборавил епизодата кога поединци од Австралискиот олимписки комитет, како што е шефицата Кити Чилер, го спречиле да игра на Игрите во 2016 година и никогаш не им простил.

„Да ми се забрани да играм во Рио 2016 беше срамно. Тогаш бев 13. во светот и имав сериозна шанса да добијам медал. Фактот што добив забрана да ги бранам боите на земјата поради моето однесување е нешто што не можам да заборавам. Затоа нема да се пријавам за патување во Париз оваа година. Пред осум години очајно сакав да ја претставувам Австралија на Игрите, но мојот менталитет се промени. Сакав да играм за земјата, но можев. Не велам дека сè уште сакам. И да бидам искрен, навистина не сум почувствувал дека Австралија сака да ја претставувам. Како што реков, почесто се чувствувам како дома отколку надвор од земјата. Знам дека некои ќе уживаат во фактот дека не играм. Сепак, публиката и гледачите на Австралија Опен во изминатите години раскажуваат друга приказна. Спортот е забава и би сакал да мислам дека им приредив шоу. Но, завесата мора да падне во одреден момент“, заклучи Кирјос.