Спорот со Бугарија повторно предмет на дебати на министерскиот совет во ЕУ

55

Словенечкиот државен секретар за европски прашања, Гашпер Довжан, изјави дека министрите за европски прашања разговарале за проширувањето и посебно за спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Министрите денеска во Брисел се состанаа во рамките на Советот за општи работи, а проширувањето беше една од темите.

Словенечкиот државен секретар порача дека голем фокус бил ставен денеска на бугарско-македонскиот спор.

-Ме радува што има општа поддршка за целиот процес, но сѐ уште има билатерални прашања, посебно истакнати од страна на Бугарија, но се надевам дека до крајот на нашето претседавање со ЕУ ќе успееме да ги решиме проблемите, овој процес мора да биде позитивен, изјави Довжан.

Тој го даде примерот на Словенија, која исто така, за време на нејзиниот преговарачки процес решавала билатерални проблеми со соседите.

-Станува збор за кредибилитетот на ЕУ и на процесот на проширување, политиката на проширување е една од најуспешните во историјата на ЕУ, рече Довжан