Познатата македонската презентерка и новинарка Александра Велинова е добитничка на „Balkan media award“ во категоријата за најдобар презентер за 2022 г. Манифестацијата, по 11. пат, се одржа во Софија, во свечен амбиент во „Гранд хотел“, а во организација на „ВИП комуникејшн“.
Наградата, во различни категории, се доделува на новинари од пишаните и од електронските медиуми.
Во таа пригода, македонската презентерка рече: „Во 15-годишната кариера во печатени и во електронски медиуми, со новинарство почнав во контактно-образовната редакција во Македонската телевизија – како водителка, најдолго бев во телевизија „Алфа“ како новинарка и водителка на контактно-забавни емисии и во Утринската програма, потоа бев репортерка и презентерка во ТВ „Нова’, а сега работам во ТВ „21“.
Велинова е дипломиран новинар, авторка на поетски дела и се вбројува во исклучително талентираните поетеси во современата македонска литература.