Според комисијата за музичка дејност: Грешка само кај “Златно славејче”?!

72

Комисијата за музика и фолклор при Министерството за култура, по бурните реакции кои деновиве излегоа во јавност, повторно разгледала околу сто апликации, меѓу кои и за четири фестивали за кои имало најмногу поплаки.

Оваа Комисија одлуката ја сменила само за фестивалот “Златно славејче” признавајќи дека е направен пропуст, бидејќи фестивалот доставил комплетна документација.

Ставот за Скопски џез фестивал, ОФФ фест и Фолклорниот фестивал “Пеце Атанасовски”, пак, останува непроменет. Од Комисијата соопштија дека освен пријава тие не доставиле документација за план за активности, за учесници или за локација за нивните настани.

Од Министерот за култура ќе се чека одлука дали за овие фестивали ќе биде даден дополнителен рок да ги достават потребните документи.
Комисиите за драмска дејност и за визуелни уметности, архитектура и дизајн, пак, по разгледувањето на одбиените апликации остануваат на истиот став во однос на распределбата на буџетот за проекти.