СПОРЕД КНИГАТА НА НЕЈЗИНИОТ СИН: Ќе се снима серија за животот на Одри Хепберн

629

Во 2020 година, ќе започне снимањето на драмската биографска серија за холивудската актерка Одри Хепберн, а сценариото се базира на книгата „Одри, мојата мајка“, објавена пред три години од нејзиниот син, исто така актер, Лук Доти.

Во книгата таа е прикажана во вистинско светло – поинакво од она како ја знаеме од големиот екран, а серијата ќе се фокусира на првите години на актерката во филмската индустрија – од детството во Европа до Холивуд. Италијанскиот новинар и писател Луиџи Спинол ќе ја прилагоди приказната во филмско сценарио. Серијата ќе ја снима италијанската филмска компанија Вајлдсајд.

Хепберн е позната по своите улоги во педесеттите години од 20 век, во филмовите „Празник во Рим “, „Сабрина“, „Појадок кај Тифани“ и оскаровскиот мјузикл „Мојата убава дама“, како и по нејзината добротворна работа. Таа почина од рак во јануари 1993 во Швајцарија