Поранешниот министер за образование Спиро Ристовски останува и натаму во притвор бидејќи Апелациониот суд во Скопје ја отфрли неговта жалба со која тој бараше да му се укине мерката притвор и го потврди решението на Кривичниот суд.
Ексминистерот Ристовски кој е еден од осомничените како организатор на настаните на 27. април во Собрание во 2017 година, минатата недела на јавна седница бараше од судиите да му го укинат притворот и ги уверуваше дека нема да бега, ниту би влијаел на сведоци затоа што е уверен дека ќе ја докаже невиноста.
Како организатори за 27. април освен Ристовски обвинителството ги гони експремиерот Никола Груевски и агентот Никола Бшковски кои се во бегство и за кои Интерпол не распишува потерница, пратнеикот Трајко Велјановски на кого собранието не му го одзема имунитетот и ексминистерот Миле Јанакиевски кој првично беше во притвор а сега е во домашен.
Истрагата е завршена и на потег е обвинителството за организиран криминал.