Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и државната секретарка Магдалена Несторовска по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март вечерва во Дебар Маало посетија припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје кои работат на терен. Тие истакнаа дека МВР повеќе не е симбол за машко Министерство и оти на ниво на организациски единици во него 48 проценти од раководните позиции се доверени на жени.
– Денот на жената кој претставува симбол за еднаквост и права за жените во целиот свет. Вечерва ги посетивме полициските службеници на Интерветна полиција којшто извршуваат теренски активности во овој дел од Скопје кој денеска во чест на празникот има значително зголемена фрекфенција. Посебно задоволство претставува фактот што токму еден дел од овој тим се припаднички на женскиот пол кој празниот ќе го одбележат работно, рамноправно со своите колеги на терен, преземјаќи службени активности во насока на зголемување на безбедноста и на одржување на јавниот ред и мир, рече Спасовски.
Оливер Спасовски
Министерот нагласи дека го радува фактот што, единицата која кон крајот на минатата година одбележа три години од нејзиното формирање и Интервентната полиција, покрај тоа што структурно се прилагодувала на стандардите на истородните полициски формации, ги прифатила и имплементирала во своите редови сите процеси што во последните неколку години биле иницирани и реализирани во МВР од аспект на родовата рамноправност и правичната застапаност во своите редови.
– Оттука и редовно ги охрабруваме припадничките на женскиот пол да покажат уште поголем интрес за учество во оваа единица чија улога е извонредно важна во нашето секојдневно полициско работење на подрачејто на градот Скопје со цел поголема безбедност и сигурност кај сите наши граѓанќи и граѓани за што говори статистиката според која во првите два месеци во 2023 година споредено со истиот период од минатата година бележиме намалување на вкупниот криминалитет за 31, 55 проценти, наведе Спасовски.
Интервентна полиција
Тој нагласи дека на ниво на организациски единици во МВР 48 проценти од раководните позиции се доверени на жени.
– Со новиот колективен договор предвидовме и паричен надоместок во висина од 100 евра за секое новородено дете за жени вработени во МВР кои што ќе се реализираат како мајки, додаде министерот.
Несторовска потенцираше дека повеќе МВР и безбедносниот сектор во целина, не е симбол за машко Министерство.
Магдалена Несторовска
– Веќе во Министерството на исклучителни раководни функции се жени кои фактички менаџираат со стратегии и со стратешки политики и проекти на Министерството. Од друга страна на високи оперативни функции во Бирото за јавна безбедност веќе имаме припаднички на женскиот пол што говори за фактот дека навистина процентот се зголемува заради свесноста на раководството дека родовата рамноправност во МВР не е само женска борба, тоа не е само женско прашање и за да успеете во родовата рамноправност вас ви се потребни и родово сензитивни мажи. Очигледно е дека ова Министерство го раководат и родово сензитивни мажи кои што заедно со нас жените прават крупен исчекор. Исчекорот се гледа го големиот интерес на млади девојки за полициската професија, со тоа што имаме исклучителен раст на бројката на млади девојки кои што конкурираат за полицајки.Интересот се гледа и во бројките коишто говорат дека Факултетот за безбедност завршуваат се повеќе жени. Повеќе жени го заврушуваат, наведе Несторовска.