Освен што ја чистат косата, некои суви шампони можат да дадат и дополнителна текстура и волумен, додека други ја негуваат …
Колкупати ви се случило косата да ви е мрсна, а да немате време да ја измиете или едноставно немате сув шампон при рака?
Добро е да знаете дека можете да го направите дома со неколку вистински совети и рецепти од TikTok.
Инаку, хаштагот #diyshampoo има повеќе од 19 милиони прегледи, што само потврдува колку многумина се задоволни од овие рецепти и резултатите што ги даваат.
Наједноставниот рецепт го сподели Мет Њуман на неговиот профил на TikTok. Тој препорачува да користите каква било пудра што е безбедна за кожата (тој конкретно користи ару пудра) и да ја ставите во шише со спреј. Потоа додадете сушена лаванда во кесичка во пудрата за доза на неодолив мирис – и тоа е тоа. Ова е одличен трик за оние денови кога навистина немате време.
Понапредна верзија
Од друга страна, кога сакате да направите малку покомплексен шампон со дополнителни состојки, подолу е рецептот на Лили ван Бруклин, кој е одличен за освежување на косата, но и за здравје на скалпот и стимулирање на растот на косата.
Состојки:
1 и пол лажица ару во прав или пченкарен скроб
1 лажичка сода бикарбона
половина лажица куркума за светла коса, цимет за црвена коса или какао во прав за темна коса
2 до 5 капки есенцијално масло од рузмарин
Подготовка:
Во сад измешајте пченкарен скроб или ару во прав со какао, цимет или куркума. Можете да ја прилагодите количината на затемнети состојки на бојата на вашата коса. По желба додадете неколку капки од омиленото есенцијално масло, во овој случај рузмарин. Добро измешајте ги сите состојки и нанесете ги на косата со голема четка за пудра.
Забелешка: Важно е да се има предвид дека овие шампони не се замена за редовно миење на косата со вода и течен шампон.
@mattloveshair #dryshampoo recipe that isnt really a recipe bc its so simple😛😛 and remember the goal is to get the product more on the roots of ur hair than on the skin of ur scalp❤️❤️ #hairroutine #hairtips #hairhowto ♬ Pink Friday Girls – Nicki Minaj