СПАСЕНИ 49 ЗАЛОЖНИЦИ НА ЛОС ЛОБОС: Полицијата изврши рација во засолништата на криминалната во Еквадор

41
EPA-EFE/STR

Еквадорската полиција денеска соопшти дека 49 жртви на киднапирање се спасени од криминалната банда Лос Лобос во рударскиот регион во јужната провинција Азуај.

„Четириесет и девет граѓани кои беа жртви на киднапирања во рударски области се ослободени, а две лица поврзани со ова злосторство се уапсени“, соопшти еквадорската полиција на платформата Х (Твитер), пренесе Ројтерс.

Во претходното соопштение на вооружените сили беше наведено дека се спасени 46 лица и дека се пронајдени уште пет безживотни тела, од кои четири се распарчени.

Еквадор се бори со зголеменото насилство, што го натера претседателот Даниел Нобо неколку пати да прогласи вонредна состојба за време на која воените сили патролираа по улиците и ги обезбедуваа затворите.

Тој, исто така, назначи 22 криминални групи како терористички групи.