Спасени петмината македонски сноубордисти на планината Пирин

78

Спасувачката акција на планината Пирин во Бугарија успешно заврши и петмината македонски скијачи и сноубордери кои скијале надвор од обележаните патеки и паднале во дол се извлечени. Информацијата за БГНЕС ја потврди Горската спасувачка служба во Банско.

Македонските скијачи, според службата, се добри, во добра здравствена состојба, неповредени и веќе се пренесени во хотелите во Банско, каде што биле сместени.

Сигналот за помош стигнал до Горската спасувачка служба во Банско, и во 20 часот по локално време десет спасувачи ја почнале акцијата за извлекување на петтемина Македонци.