Постои можност натпреварот против Жалгирис да биде последен во кариерата на легендарниот кошаркар Василис Спанулис. Тој се повреди во текот на натпреварот, поточно се здоби со руптура на десната ложа, поради која ќе мора повторно да замине на операција, а тоа значи дека сезоната за него е завршена.

Спанулис пред почетокот на сезоната истакна дека ја игра последната година, па многумина уште од сега го пензионираа. Тој кариерата ја започна во 1999 година во Лариса, играше два пати за екипата на Панатинаикос, а во 2006/07 настапуваше за НБА-тимот – Хјустон. Член на Олимпијакос е од 2010 година.