Со „Funk Shui“, на 26 април, во Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ – Едно сосема поинакво скопско концертно уживање

335

Македонската метропола Скопје има потреба од нешто ново и свежо што се однесува до музиката. А, токму тоа ќе ни го пласираат од групата „Funk Shui“. Целата таа концертна уживанција ќе се случува на 26 април, со почеток во 21 часот, на новата сцена во Културно-едукативниот центар „Лабораториум“.

Тоа е еден ексклузивен центар за настани, бидејќи културно-образовниот дел од животот во Скопје е многу повеќе од самиот настан.  „Лабораториум“ се труди да биде, а и ќе биде, малку повеќе од Културен центар. На 26 април за тоа ќе се погрижат токму тие од „Funk Shui“.

Билетите за концертот се во продажба од вчера и онлајн на www.ticketx.mk, како и во Lab-Cafe.

Инаку, за наше инфо, „Funk Shui“ ја одбележаа 2023 година со повеќе од 20 концерти во Европа (во Берлин, Виена, Гронинген….) но и на Балканот (во Белград, Нови Сад, Загреб….). Исто така минатата година го издадоа  албумот „Никогаш пак”.              Тогаш имаа и два распродадени концерта во Скопје, во Младинскиот културен центар.