Со 17 убоди ја усмртил својата девојка, па ја сокрил во плакар

162

Поранешниот ММА борец, Американецот Двејн Херел (28) обвинет за убиство. Според последните информации кои доаѓаат од САД, Двејн ја убил својата поранешна девојка Ајрин Торес (24), а потоа нејзиното безживотно тело го сокрил во плакар. Наводно, Двејн ја чекал Ајрин пред нејзината куќа каде што се скарале, а потоа ја избодел со нож до смрт со дури 17 убоди.

После тоа, безживотното тело го однел во багажникот на својот автомобил, а потоа го сокрил во својата куќа. На американските власти не им требаше многу време да го расчистат монструозното злосторство и осомничениот го уапсиле. Снимката од безбедносните камери им помогнала околу истрагата.

Родителите на убиената девојка ја прегледале снимката од безбедносните камери кога дознале дека Ајрин не се вратила дома. Според информациите од истрагата, на паркингот го забележале Двејн Херел, со кој нивната ќерка била во врска до пред еден месец, што ѝ помогнало на полицијата да го уапси поранешниот ММА борец и да го обвини за тешко кривично дело.

Семејството на Ајрин Томас истакна дека убиеното девојче претрпело физичко и психичко насилство за време на врската со ММА борецот, што може да биде една од главните причини за нивното раскинување на почетокот на оваа година.