Со 10 милиони денари Гази Баба ќе го поддржува спортот

31

Општина Гази Баба објави оглас за прибирање на барања за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженија, спортисти, други правни лица од областа на спортот и спортски манифестации кои се одржуваат во Oпштина Гази Баба за 2024 година.

На јавниот оглас може да учествуваат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски категории, други правни лица од областа на спортот и организатори на спортски манифестации што се одржуваат во општина Гази Баба, чие што регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на општина Гази Баба или имаат огранок на подрачјето на општина Гази Баба.

Јавниот повик трае до 15.02.2024 година.

Од локалната самоуправа ги повикуваат сите оние кои ги исполнуваат условите да аплицираат.