Со концертни настапи на квартетот на џез-гитаристот Џоле Грујовски и џез-составот Fierce, на 24 јануари во МКЦ клуб и ресторан, со почеток од 21 часот, ќе се одржи традиционалната јануарска годишна забава на Скопскиот џез-фестивал.
Џоле Грујовски квартет го сочинуваат Џоле Грујовски. џез-гитарист, Филип Димишковски на клавијатури, Оливер Јосифовски на бас и Александар Ванчовски на тапани, додека бендот Fierce носи звук и форма на современ џез, создаден од млада генерација на македонските музичари Горјан Стојменовски на гитара, Виктор Филиповски на тапани и перкусии, Марко Василевски на контрабас, Борислав Веселинов, алт саксофон и Сенад Усеин – труба.
Влезот е слободен, а вечерта ќе бидат промовирани и календарите на СЏФ за 2019.