Со убавата фолкерка Стојне „на две страни” од светот

121

Сè попопуларната 29-годишна македонска фолк-пејачка со потекло од Струмица, Стојне Николова, која е присутна на македонската музичка сцена над 15 години, деновиве ја промовира новата балада „На две страни”. Всушност, нема страна од светот на која не била таа со својата песна и не ги забавувала луѓето. Позната е како голем работохолик.

Автор на текстот на песната е добро познатиот Орце Зафировски, музиката е на Борче Димитров, а аранжманот на нејзиниот проверен соработник, Бобан Мојсовски-Мојсо.

Стојне ретко кога зборува за својата приватност, но, сепак, кажува, но не за момчињата, нема потреба од тоа. Таа раскажа за тажната случка кога го загубила својот сакан татко Митко.

– На мои 16 години ни се случи семејна трагедија. Таа вечер, татко ми требаше да ме носи на настап, но доживеа мозочен удар. Што да ви кажам? И сега плачам кога ќе помислам на тие тажни сцени. Родителите никогаш не заминуваат, тие се тука, во нашето срце.
Потоа, низ годините, морав да продолжам сама. Музиката ми е како лек. Ми доаѓа како некоја музикотерапија. Се држам цврсто до тоа што ми го има кажано татко ми, да продолжам да пеам и кога физички ќе замине. Така и правам – раскажа Стојне, која ова лето ќе има многу настапи низ цела Македонија.  Д.М.