Со силни аплаузи Заев и Ципрас почестени со награда на Минхенската конференција (видео)

97

Премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега вечерва во Минхен беа почестени со специјалната награда Евалд фон Кластер на Минхенската конференција.
Со силни овации и аплауз двајцата ја примија наградата за нивниот придонес во меѓународниот мир и мирно решавање на споровите преку Преспанскиот договор.
Претходно во текот на денот Заев и Ципрас беа дел од панелот „Разговор со добитниците на наградата „Евалд Фон Клајст“, што ја доделува Минхенската конференција за безбедност.
Панелот на кој во одделни дискусии настапија премиерите Заев и Ципрас, како еден од централните настани на конференцијата, беше посветен на иднината на Западен Балкан.

„Им го посветуваме Договорот од Преспа на младите генерации за нивната иднина. Вредеше.
Низ целиот процес доминираше добрата и силна политичка волја да се најде решение. Тоа помогна да се препознае дека компромисот е вештина која овозможува, дека секој нов чекор е чекор повеќе до решение, и дека невозможното сепак може да биде возможно“, кажа Заев.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/2324773174473411/

https://www.facebook.com/tsiprasalexis/videos/296737857665655/