СО ПРОМОТИВЕН ШТАНД: Одбележан денот на формирање на Црвениот крст и на крводарителството

135

На иницијатива на “Клуб 25” – клуб на млади крводарители и мотиватори на Црвен крст на град Скопје, вчера на 17 Март – Ден на формирање на Црвен крст на Република Македонија и ден на крводарителство во РМ, во Градскиот парк се одржа јавен настан. Беше поставен промотивен штанд со материјали поврзани со крводарителство и историјатот на Црвен крст, а беа присустни и волонтерите помеѓу граѓаните, за да информираат за знаењата и информациите за крводарувањето и Црвениот крст . На штандот освен промотивните и информативни материјали и информации за крводарителство, присуствуваат и лица, медицински персонал од Институтот за Трансфузиона медицина на РМ (ИТМ), кои одредуваа крвна група на случајните минувачи. Спроведен беше и мал прашалник поврзан со крводарителство со симбилични награди/мотивација за оние кои ќе бидат најуспешни.

Црвениот крст на Македонија е формиран на 17 март 1945 година; Признат како национално друштво на Црвен крст од Меѓународниот комитет на Црвениот крст на 01.11.1995 а на 27 ноември 1995 година станува полноправен член на Меѓународната федерација на националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина, како 169 членка на Меѓународното движење.
Црвениот крст на Република Македонија е единствена организација на територијата на Република Македонија, која ја сочинуваат организациите на Црвениот крст на општините и Градот Скопје.

Црвениот крст е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи, го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманист.
Визијата им е да дејствуваат, поттикнуваат и промовираат хумани вредности за навремено да се одговори на современите хуманитарни предизвици.