Со Оскарот и скапи подароци, меѓунив и крема со марихуана, светлечка четка за ВЦ

93

Номинираните за Оскар 2019 година, во недела на свечената премиера ќе добијат пакети со подароци меѓу кои ќе се најдат и бесшумна пумпа за гради, подарок патување на Галапагос, но и светлечка четка за тоалет.

Во пакетите на актерите, режисерите и останатите филмски остварувачи кои ќе бидат номинирани ќе има и конец за заби, тераписка сесија со експерт за фобии, 15 пара луксузни вештачки трепки, лосиони и слатки како и членска карта за холивудскиот Клуб за љубителите на марихуаната.

Помеѓу подароците ќе се најдат и поводник за куче и шпионско пенкало кое го подарува организацијата за заштита на животните “PETA”, а со кое се испраќа сигнал до организацијата доколку наидете на злоставувано животно.

Добитниците на Оскарите можат да сметаат и на уметничка слика од Рејан Вилијамс, портретист кој најчесто црта кучиња и големи мачки, а највредниот подарок би можел да биде крстарење до Исланд или Галапагос, иако, како што пишува Гардијан, во понудата ќе се најдат уште две дестинации.

Инаку, вредноста на овие пакети обично се изразува во бројка од шест цифри и во нив доминираат серуми и третмани наменети за нега на кожата. Тие оваа година ќе бидат обогатени со екстракт од марихуана, со оглед дека оваа супстанца е легализирана во Калифорнија.

Најмногу внимание привлече антибактериската четка за ВЦ школка наречена “Мистер Пуп” која свети во темница.