Шанса за заработка од 200 евра на час: Оваа работа не бара никаква физичка активност, не одзема време, а парите само капат!

519

Државниот театар Хесен во Визбаден бара возрасни кои би сакале да застанат голи на сцената со електронска музика. Станува збор за претставата „Хабитат“, за која се исплаќаат по 200 евра по изведба.

Театарот објави дека проектот „Хабитат“ на кореографката Дорис Ухлих ги пречекува луѓето кои се заинтересирани за движење, дури и без танцово искуство.

– Досега има десет апликации, а се примаат повеќе – рече претставникот.

Според неа, нема фиксна бројка колку луѓе се потребни, колку повеќе – толку подобро.

„Како и во претходните дела на Ухлих, фокусот е ставен на работата со голо тело. ‘Хабитат’ го покажува телото во својата сила и кршливост. Учесниците ќе го прослават своето единство и различност со електронски звуци и техно песни“, стои во огласот за оваа необична работа.

Претставите се планирани за крајот на септември. Се плаќа надоместок на трошоци во износ од 200 евра. Од театарот повторија дека нема место за „неверни Тома“ и воајеристи. Постои општа забрана за фотографирање и снимање за приватни цели.