Теренските екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ работат на целосно уредување со нови зимзелени садници на булеварот „Киро Глигоров“.
На средишниот зелен потег засадени се вкупно 350 зимзелени садници од видот thuja occidentalis smaragd кои праволиниски овозможуваат естетска и еко функција на булеварското зеленило.
Тимови на градските јавни претпријатија „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“ и Комунална Хигиена, во текот на изминатата недела работеа, а ќе работат и оваа на санација и уредување долж булеварт „Киро Глигоров“, со цел постапување согласно барањата на граѓаните преку канцеларијата „Скопје 24 часа отворен град“.