При прегледување на онлајн алатката на ЕЕС, ќе добиете информации за тоа дали вашиот влез е дозволен („OK“ или „not OK“), како и информации уште колку денови можете да престојувате на територијата на европските земји кои користат ЕЕС. Оваа информација можете да ја побарате и од службеникот за пасошка контрола на надворешните граници, наведува Европската комисија. Службениците на пасошката контрола ќе ви ги скенираат отпечатоците од прсти или ќе го фотографираат вашето лице. Овие информации ќе бидат запишани во дигитална датотека. Вашиот пасош (биометриски или небиометриски) нема да биде заверен
Кога од 10 ноември ќе се воспостави нов систем за влез во Шенген (ЕЕС), на надворешните граници на Шенген-просторот веќе нема да се ставаат печати во пасошите, туку, како што соопшти Европската комисија, граѓаните на земјите за кои ќе важат новите прописи, должината на престојот ќе треба да ја проверуваат онлајн. Тоа значи дека за да се престојува во земјите кои се во Шенген зоната треба да се биде дигитално писмен.
Овие правила ќе се однесуваат за земјите членки на Европската Унија со исклучок на Кипар и Ирска, а ќе важат и за Исланд, Норвешка и Швајцарија, кои не се во ЕУ, но се дел од Шенген. Како што е веќе познато, ќе се однесуваат за земјите на чии жители не им се потребни визи за влез, а меѓу нив се и оние од Западен Балкан, како Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, но и за државјани на Украина, Молдавија, Грузија…
Како што е наведено од Европската комисија, бројот на денови за престој на територијата на европските земји може да се провери преку онлајн алатката ЕЕС, што може да се најде на официјалната веб-страница на ЕУ, која во моментов не е достапна, како и кога се користи опрема инсталирана на некои надворешни граници, пишува Анадолу.
-При прегледување на онлајн алатката на ЕЕС, ќе добиете информации за тоа дали вашиот влез е дозволен („OK“ или „not OK“), како и информации уште колку денови можете да престојувате на територијата на европските земји кои користат ЕЕС. Оваа информација можете да ја побарате и од службеникот за пасошка контрола на надворешните граници, наведува Европската комисија.
За да дознае некој колку долго може да остане во европска земја, што користи ЕЕС, ќе треба да го напише името на европската земја што го користи ЕЕС што моментално ја посетува или сака да ја посети, но и патниот документ (вид и број, како и шифрата со три букви на земјата што го издала, на пример „NMK“ за Македонија).
Покрај тоа, должината на престојот може да се провери и во зависност од конкретната ситуација.
-Ако сакате да патувате во некоја европска земја, користејќи го ЕЕС во одреден момент во иднината и сакате да знаете колку долго ќе ви биде дозволено да останете, мора да го наведете планираниот датум на пристигнување во таа земја, или ако веќе сте во европска земја и користите ЕЕС, мора да го наведете планираниот датум за заминување од таа земја, или ако сакате да патувате во некоја европска земја, користејќи го ЕЕС во одреден момент во иднина и сакате да проверите колку денови ќе ви останат по завршувањето на планираното патување, мора да го наведете и датумот на пристигнување и заминување од таа земја, велат од Европската комисија.
Новиот систем на ЕЕС ќе подразбира и нови правила кои ќе им бидат наметнати на граѓаните надвор од Шенген зоната кои сакаат да влезат на тоа подрачје, а не треба претходно да обезбедуваат виза.
Така, граѓаните на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово, меѓу другите, ќе мора да дадат лични податоци за да ја преминат границата.
-Службениците на пасошката контрола ќе ви ги скенираат отпечатоците од прсти или ќе го фотографираат вашето лице. Овие информации ќе бидат запишани во дигитална датотека. Вашиот пасош (биометриски или небиометриски) нема да биде заверен. Овој процес може да биде побрз ако однапред регистрирате некои ваши податоци. Тоа можете да го направите со помош на наменска опрема („систем за самопослужување“), ако е достапна на вашиот граничен премин и/или мобилна апликација – ако е достапна во земјата на пристигнување или заминување. Во кој било од овие наведени случаи ќе се сретнете со службеник за пасошка контрола, појаснува Европската комисија.
Ако граѓанинот ги преминал границите на европските земји, користејќи го ЕЕС повеќе од еднаш од почетокот на ЕЕС, отпечатоците од неговите прсти или фотографијата од неговото лице веќе ќе бидат запишани во ЕЕС.
-Службениците на пасошката контрола ќе ги проверуваат само вашите отпечатоци од прсти и фотографијата, што ќе потрае пократко. Во ретки случаи, можеби ќе треба повторно да се соберат и да се снимаат вашите податоци. Ако имате биометриски пасош, ќе можете побрзо да влезете користејќи го системот за самопослужување (ако е достапен на тој граничен премин). Ако вашата дигитална датотека не покажува никакви пречки за патување, обично нема да морате да одите преку службениците за пасошка контрола, наведува Европската комисија.
Сите други услови за влез или излез остануваат на сила и службениците за пасошка контрола можат во секое време да ги преземат неопходните мерки, како што е повторно снимање на вашето лице и слично.