Со новиот Закон за просторно планирање за ДУП граѓаните ќе се изјаснуваат од 30 до 90 дена

646

Рационално користење на просторот, надминување на урбаните бариери за лицата со инвалидитет, сочувување на животната средина и на културното наследство, јавност во постапката за изработка, донесување и спроведување на плановите се дел од предностите, кои според министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ги овозможува новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање, донесен неделава.

Со новите решенија, како што информира министерот на презентацијата во Владата, граѓаните добиваат повеќе време за да се изјаснат за плановите. Тие при донесување на ДУП ќе можат да го кажат своето мислење на анкета што ќе трае од 30 до 90 дена.

Од друга страна, надлежните органи добиваат обврска плановите да ги носат побрзо од сега. Така, деталните урбанистички планови треба да се носат за 18 месеци, рокот за изработка и донесување на Генералниот урбанистички план е 36 месеци, а за ГУП на Скопје е 48 месеци. За непочитување на овие рокови предвидени се казни.

Законот треба да стапи на сила до крајот на мај.