Со неколку совети карминот може да остане на усните под заштитна маска

80

Со оглед дека во моментот владее пандемијата често се прашуваме дали да ставиме кармин или не, ако ставам сигурно ќе се размачка по лицето или ќе остане на заштитната маска која мораме задолжително да ја носиме. Меѓутоа, ако сè уште не сакате да се откажете од омилениот кармин затоа што ја носите маската, добро е да примените неколку совети  за да вашиот кармин да трае што подолго под заштитна маска за лицето.

Пред да нанесете кармин на усните, важно е добро да ги подготвите, односно да направите добар пилинг на усни за да бидат мазни и хидрирани. Ако усните се суви и испукани, карминот на нив нема да изгледа убаво ниту да трае долго, затоа пилингот е првиот и неизбежен чекор.

После пилинг, време е да пронајдете кармин кој има долготрајна формула, а пред да нанесете кармин, може да ставите малку прајмер на усните, а потоа молив во боја на карминот за да бидете сигурни дека карминот на усните ќе трае што е можно подолго.

Кога станува збор за типот на кармин, најдобро е да изберете мат текстури, како и високо пигментирани кармини, но треба да се внимава кармините да бидат доволно хранливи за да не се исушат усните.

Кога ќе го пронајдете карминот, време е да го нанесете, најдобро е со помош на четкичка затоа што така е најпрецизно. Секогаш е добро да го носите карминот и четкичката  во торба за да можете да го поправите во секое време.

Откако ќе нанесете кармин, ставете спреј, поточно фиксатор на усните, што ќе се погрижи и шминката на лицето да остане свежа и на свое место што подолго, дури и под заштитна маска. Подготви: М.А.