Т.Ш.(71) од село Велгошти кој што управувал мотор ,завчера излетал од патот и удрил во бандера, по што подоцна починал.
Несреќата се случила во 13.30 часот на крстосница од улиците „7-Ноември“ и „Бекир Алириза“ во Охрид кога Т.Ш од засега непознати причини со мопедот „томос спринтер”излетал од патот и удрил во бандерата.
Како што соопшти МВР, со возило на Итна медицинска помош Т.Ш. бил пренесен во Општата болница-Охрид каде од здобиените повреди починал.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.