На 3-ти ноември во НОБ! -Во животот секогаш се стремиме и бориме за се што сакаме. По патот многу често ќе паднеме, но најважно е да станеме, да продолжиме….токму вака разговетно вели но и оптимистично порачува нашата популарна пејачка Лени Партикова. Таа е успешна интерператорка и на забавната, сериозна (оперска) и најмногу на народната песна. Пораката е пред нејзиниот голем солистички концерт како најава за нешто што убаво ќе се случи наскоро на 3-ти ноември од 19 часот во Националната опера и балет, во Скопје.
Тој јубилеен концерт е по повод 20 години од нејзиното присуството на македонската сцена, а ќе биде со насловот “Корените македонски да не се заборават”.
– Ветуваме убава незаборавна вечер со најубавите македонски народни песни во мојата изведба, но и во интерпретацијата на моите драги колеги кои ќе бидат дел од настанот: Наум Петрески, Владимир Поповски, Анастасија Петреска, Робертино и Наташа Стефановски, Гоце Димовски, “Синтезис” Стефан Котески, Даниел Несторовски, Огнен Здравковски, истакнува Лени.
–
И нема само овие споменатите да и бидат гости на Лени, туку и врвните: групата “Молика”, прекрасните играорци од Куд “Шара” Тетово и Играорното Друштво “7/8” од Ѓорче Петров-Скопје, кои ќе ја распаметат публиката од емоции играјќи ги македонските ора. Низ концертот ќе нѐ водат Трајче Толевски и Милена Илиевска.
Исто така се поканети и многубројни новинари од голем број македонски медиумски куќи од пишаните и елктронски медиуми, а секако дека тука е и весникот Вечер како и порталот vecer.press.
Со новинарите Лени најавува и свое другарување после концерт на организирана мини-забава кај еден нејзин добар естраден колега. Тоа сега за сега нека остане изненадување. Треба да се нагласи дека голема поддршка (во подготовките) Лени има и од своите најблиски, секако од сопругот и семејството што е исто така многу важно за успехот. Така да, вистинска штета би било да се пропушти овој концертен настан. Инаку, ќе го снима ТВ-куќата “Балкан Мјузик ТВ“, па и луѓето ширум Планета Земја ќе можат да уживаат во одложената снимка и маестралното пеење на нашата Лени. Д.М.