Со доаѓањето на пониските температури, расте желбата за шолја чај – внимавајте со што ја комбинирате омилената топла напивка

76
Фото:пекселс

Со постуденото време, почесто посегнуваме по шолја од омилениот чај, но важно е да знаете дека некои намирници не треба да се консумираат со оваа топла напивка.

Според фармацевтот и нутриционист Дебора Грејсон, консумирањето чај или кафе со одредена храна, како што се црвено месо и лиснат зелен зеленчук, може да ги зголеми шансите за развој на сериозен недостаток на хранливи материи.

Имено, хемикалиите во овие топли напивки ја спречуваат апсорпцијата на железото во организмот, а железото е минерал кој е од витално значење за трансферот на кислородот и му дава енергија на телото и го зајакнува имунолошкиот систем, пишува Дејли Меил.

Пиењето чај со одредена храна може да доведе до анемија, односно тежок дефицит на железо. Храната што не треба да се консумира со чај вклучува храна богата со железо како што се стек и печено говедско месо, зелен зеленчук како спанаќ, брокула и кељ.

Истражувањата покажаа дека голем број хемикалии во чајот и кафето можат да ја блокираат апсорпцијата на железо, вклучувајќи ги и полифенолите, за кои се смета дека штитат од воспаление.

Симптомите на анемија вклучуваат екстремна исцрпеност, губење на косата и постојани инфекции се вели во коментарите.