Со години се зборува дека Чарлс не е вистински татко на Хари: Стара фотографија ја обелодени неверојатната сличност со еден човек/ФОТО

2515

Со години се шпекулира за вистинскиот татко на принцот Хари, но една стара фотографија открива неверојатна сличност со неговиот дедо, принцот Филип.

Британското кралско семејство отсекогаш го привлекувало вниманието на јавноста поради комплицираните врски, па не е чудно што серијата „The Crown“ била инспирирана од нивните животи. Еден од најгласните скандали што со години кружи низ медиумите е тврдењето дека кралот Чарлс Трети не е биолошки татко на принцот Хари.

Eнигма е кој е вистинскиот татко на Хари

Со децении се анализираа и споредуваа фотографиите на Хари и мајорот Џејмс Хјуит, со кои принцезата Дајана имаше петгодишна врска во 1980-тите. Многумина веруваа дека Хјуит е вистинскиот татко на Хари, бидејќи постоела очигледна физичка сличност.

Сепак, иако некои снимки покажаа дека Хари личи на Хјуит, самиот мајор истакна дека неговата врска со Дијана започнала дури по раѓањето на Хари, цврсто отфрлајќи ги шпекулациите.

Вистинската вистина, сепак, лежи во нешто што многумина го занемариле. И покрај тоа што не личи на Чарлс, Хари всушност многу личи на неговиот дедо, принцот Филип. Фотографија од 1957 година, која ја краси насловната страница на магазинот „Paris Match“, открива неверојатна сличност меѓу Хари и Филип.

Оваа сличност на Инстаграм ја сподели авторот на книгата за кралското семејство, Крис Џексон.

На фотографијата принцот Филип има 36 години, додека Хари сега е три години постар. Кога се споредуваат слики од нив во униформа, станува јасно дека принцот Хари е вистинска копија на неговиот дедо.

„Сега сите знаеме како ќе изгледа Хари за 50 години“, напиша еден корисник во коментар на оваа фотографија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Jackson (@chrisjacksongetty)