Дете се здобило со полесни повреди откако било нападно и одвлечено под вода во пристаништето Бремертон, во сојузната држава Вашингтон, САД.
Детето и неговата мајка се шетале во четвртокот наутро на пристаништето во Бремертон во округот Китсап, кога видра го повлекла детето во вода, по што го повлекла внатре, пренесува Си-би-ес.
По неколку моменти детето повторно се појавило на површината, а мајката успеала брзо да реагира и да го извлече од водата. Видрата продолжила со нападот и ги бркала мајката и детето долж кејот. Властите соопштија дека детето се здобило само со полесни повреди благодарение на реакцијата на мајката, а помош му била укажана во блиската болница.
Животните се отстранети од тоа пристаниште, а ќе бидат тестирани за беснило во Вашингтонската лабораторија за дијагностика на болести на животни. Министерството наведе дека речните видри се територијални и непредвидливи како и дека се способни да нанесат потешки повреди.
Средбите меѓу луѓето и речните видри се ретки, а само шест такви случаи се забележани во текот на изминатите децении во САД.