Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 873.008 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 43.275, а оздравеле 184.596 луѓе
– Во Казахстан е регистриран третиот смртен случај од коронавирус, а вкупно се заразени 363 лица, соопшти казахстанското Министерство за здравство. Шефот на државата Касим-Јомарт Токаев на 15 март потпиша уредба за прогласување вонредна состојба, која ќе трае до 15 април.
– На Кипар е потврден уште еден смртен случај од коронавирус, со што бројот на починати достигна осум – седум мажи и една жена. Вкупниот број на заразени во земјата изнесува 262.
– Бројот на заразени случаи со Ковид-19 во Русија се зголеми за 440 нови и достигна 2.777, соопшти официјална Москва. Потврдени се 24 смртни случаи, а излекувани се 190 луѓе. Истовремено е соопштено дека повеќе од 40 отсто од новозаразените во москва се на возраст меѓу 18 и 45 години.
– Во Индонезија се потврдени уште 149 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на заразени е 1.677. регистрирани се уште 21 починат, а па бројот на смртните случаи сега изнесува 157.
– Во последните 24 часа уште 45 лица, кои се излекувани од новиот коронавирус, се отпуштени од болница во Москва во последните 24 часа, соопштија градските власти. Досега оздравеле 115 луѓе.
– Бројот на заразени случаи со коронавирус во Украина се зголеми во последните 24 часа за 120, достигнувајќи бројка од 669. Во земјата досега се потврдени 17 починати и 10 излекувани.
– Во Кина продолжува да се намалува бројот на новозаразени со коронавирус, соопшти Националната здравствена комисија, која денеска првпат објави и биланс на асимптоматски случаи. Во текот на вчерашниот ден имало 36 нови случаи од кои речиси сите пристигнале од странство, а во понеделникот тој број изнесувал 48. Комисијата објави дека до вчера под надзор се 1.367 асимптоматски случаи, што е за 200 случаја помалку од претходниот ден.
– Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Иран надмина 3.000, откако во последните 24 часа починаа 138 луѓе.
– Москва подготви апликација со која ќе ги следи лицата во изолација поради коронавирусот.
– Во Шпанија во последните 24 часа починаа 864 лица од коронавирусот. Вкупно се заболени над 102.000 лица.
– Меѓу 120 заразени со Ковид-19 во Црна Гора, 14 се деца помлади од 18 години, соопшти црногорскиот Институт за јавно здравје.
Извор: МИА