Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Македонска берза денеска ќе потпишат меморандум за соработка, со кој на македонските компании ќе им се овозможи пристап до алтернативен извор за прибирање капитал.
Пред претставниците на македонски компании – корисници на ФИТР ќе бидат презентирани можности за пристап до глобална интернет платформа за финансирање и трговија која овозможува поврзување со 200.000 приватни компании и 17.000 инвеститори низ Европа.
На настанот ќе се обратат Јован Деспотовски, директор на Фонд за иновации и технолошки развој и Иван Штериев, извршен директор на „Македонска берза“.