Сопственик на крипто менувачница со себе во гроб однел милиони

160

Најголемата канадска биткоин менувачница го изгуби прометот на клиентите од екстерниот паричник вреден 190 милиони долари во шест различни криптовалути.
Како што се наведува во извештајот на Врховниот суд на сојузната држава Нова Шкотска во Канада, изгубените податоци се однесуваат на валутите биткоин, биткоин кеш, биткоин кеш СВ, биткоин голд, литекоин и етереум, наведува Си-ен-ен, а пренесува Новац.хр.
Починатиот основач и извршен директор на компанијата, Џералд Котена, бил задолжен за контрола на податоците и еднствен имал пристапен клуч за нивниот екстерен крипто паричник. По неговата смрт, сопругата Џенифер Робертсон соопшти дека компанијата не е во можност да пристапи на системот бидејќи никој освен нејзиниот маж ги нема потребните пристапни податоци.
До овој несреќен случај дошло токму поради неадекватното управување со целиот систем на корисничките фондови. Иако повеќето дигитални крипто менувачници користат ваков систем за да се заштитат од хакерски напади и кражби на податоци, оваа канадска компанија ја направи една од најголемите грешки и не креираше систем во кој постојат повеќе потписи со кои може да се пристапи кон екстерниот диск.
Во нивниот случај основачот и главен директор бил единствената одговорна личност за надзор на податоци, а со оглед на тоа што починал никој друг не можел да пристапи до податоците со кои тој управувал. Неговата сопруга поради овој случај побарала и помош од стручњак кој требал да пристапи до системот на сопругот, но безуспешно.