Сопругата на Џулијан Асанж за можната екстрадиција во САД: Се работи за живот или смрт!

120
Printscreen/Youtube

За основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, претстојното рочиште пред Високиот суд во Лондон во врска со неговата жалба против пресудата за екстрадиција на САД е прашање на живот и смрт, изјави денеска сопругата на Асанж, Стела.

„Неговото здравје се влошува, и психички и физички. Неговиот живот е во опасност со секој ден што го поминува во затвор. Ако биде екстрадиран, ќе умре“, изјави Стела Асанж на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Таа додаде дека ќе поднесе барање до Европскиот суд за човекови права да ја блокира екстрадицијата доколку одлуката на Високиот суд во Лондон не биде поништена на сослушувањето следната недела.