Соопштение на иранската армија: Хеликоптерот на Раиси не бил нападнат, се запалил по падот

72

Хеликоптерот во кој се наоѓаше починатиот ирански претседател Ебрахим Раиси се запали веднаш по падот во планина и нема индиции дека бил нападнат.

Ова го изјави иранската армија во соопштение што доцна синоќа беше прочитано на државната телевизија.

Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, како и шест други официјални лица и членови на екипажот загинаа во хеликоптерска несреќа во северозападниот дел на Иран.

Во соопштението на Генералштабот се наведува дека немало ништо сомнително во комуникацијата меѓу контролната кула и екипажот на хеликоптерот пред падот.

Се додава дека нема индикации дека во него било пукано, ниту дека го сменил правецот на движење.

Раиси беше погребан вчера во храмот Имам Реза во Машхад.