Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
На одредени патни правци, како што соопшто ЈП Македонија пат, кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.