Товарен воз удрил во автомобил кој не застанал на незаштитен, но јасно обележан железнички премин во Тренково кај Пожега во Хрватска, соопшти полицијата, пренесува Н1 Загреб.
За инцидентот е одговорна 26-годишната жена која го управувала автомобилот, изјавила полицијата по истрагата.
Таа, како што е соопштено, „не го запрела возилото пред јасно поставениот сообраќаен знак „задолжително стоп“ при пристигнувањето на незаштитен премин на коловозот преку железничката пруга“.
Жената која го управувала возилото е полесно повредена, додека 23-годишната сопатничка во автомобилот е тешко повредена.
Со возило на брза помош биле пренесени во болницата во Пожега.
Против 26-годишната жена ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување сообраќајна незгода во патниот сообраќај“, додаваат од полицијата.