Сообраќаен инцидент во Србија:Возел во спротивен правец на автопатот, предизвикал судар и загинал, две лица се повредени

802

Едно лице загина, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 16 часот, на автопатот Милош Велики кај Обреновац во правец кон Белград.

Како што неофицијално дознава Нова.рс, едно лице од „фиатот“ загинало, додека повредениот сопатник од фиатот и возачот на „хјундаито“ се пренесени во КБЦ Земун.

Несреќата се случила кај Јаково, прво се судриле два автомобила, по што еден се запалил.

Според неофицијални информации, еден од учесниците во несреќата, односно возачот на „фиат пунто“ во моментот на судирот се движел во спротивна насока.