Најмалку 19 лица се повредени денеска кога автомобил удрил во луѓе кои чекале на трамвајска станица во северозападниот полски град Шчечин, соопшти локалната полиција.
Автомобилот во бегство се судрил со уште три возила, додава полицијата.
Според полицијата, станува збор за 33-годишен Полјак, жител на Шќечин, кој побегнал, но набрзо бил уапсен. Полицијата не се сомнева за тероризам.
Меѓу повредените има и три деца, изјави портпаролот на локалната полиција Павел Панкао. Според информациите, две лица се во критична состојба.
Инцидентот се случил на фреквентна раскрсница на почетокот на попладневниот шпиц, околу 16 часот по локално време.