Сончево и топло, максималната температура до 38 степени

37

Синоптичарите за денеска најавуваат претежно сончево и топло време со слаб ветер од променлив правец.

УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево, тивко и топло. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Од УХМР соопштуваат дека следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени.