Создавањето „независна суверена“ палестинска држава е „неопходно“, смета Путин

275
EPA-EFE/GAVRIIL GRIGOROV

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека конфликтот меѓу Израел и Газа го покажува „неуспехот“ на блискоисточната политика на Вашингтон. Според него, „неопходно“ е создавањето „независна суверена палестинска држава“.

„Мислам дека многу луѓе би се согласиле со мене дека тоа е јасен пример за неуспехот на американската политика на Блискиот Исток“, рече Путин за време на средбата со ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани во Москва.

Рускиот претседател рече и дека САД се обиделе да ги „монополизираат“ меѓународните напори за постигнување мир во регионот и го обвини Вашингтон дека го запоставил обидот да се најде компромис кој би бил прифатлив за сите страни.