Беше познат како лошото момче во фудбалскиот свет, а изневерувањата и бурните забави му го уништија бракот со Шерил Твиди.
Но, тој филм се случи пред две децении и време е истиот да го премотаме нанапред. Денеска сме сведоци на сосема поинаква реалност, Ешли Кол навистина се промени, односно е скротен од италијанската манекенка Шерон Кану (30) со која се ожени минатиот викенд.
За разлика од неговиот прв брак, поранешниот бек на Челзи и Англија (42) ја чуваше оваа речиси децениска романса подалеку од очите на јавноста, ретко објавувајќи снимки од неговата љубов или нивните две деца, 7-годишниот Џексон и 5-годишниот Грејс.
Заљубениот пар пред неколку дена објави уште една слика од нивната бајковита свадба, на која се прикажани под огромен цветен лак додека димните топови создаваат виножито над нив, јавуваат англиските медиуми.
-Романтичната венчавка, во близина на Рим, каде што е родена невестата, беше интимна, со само неколку од нивните блиски семејства и пријатели – вклучувајќи ги и неговите поранешни соиграчи од Англија, Џон Тери и Френк Лампард – како гости, пишува The Sun.
Тие разменија завети во хотелот „La Vecchia Posta“ во Ладисполи, на врвот на карпата со поглед на Мед, а децата беа покрај нив. Младенците потоа застанаа на подиумот и го одиграа првиот танц на песната The Greatest Showman’s Never Enough.
Спектакуларниот огномет го осветли приемот на отворено пред гостите да се забавуваат до доцна во ноќта. Нивниот голем ден дојде 16 месеци откако Ешли го постави прашањето – дали ќе се омажиш за мене?
Кога ја запозна Шерон во Италија во 2014 година, Кол го финишираше развод од пејачката Шерил на Girls Aloud и беше во судир со законот, затоа што случајно со воздушен пиштол погодии еден студент во Сари во Челзи.
Но, неговата романса со Шерон и раѓањето на нивните две деца го претворија во посветен семеен човек.
Во едно од ретките интервјуа кои ги даде за Телеграф во 2019 година, поранешниот фудбалер рече дека „пораснал“.
-Тогаш бев младо, луто дете, а сега сум постар и разбирам дека работите што ги правев се живот, се случуваат. Научив од тоа, ме направија подобра личност. Тоа ме направи одличен татко. Сега сум фокусиран на ова, на моите деца и мојата девојка. Јас сум поинаков, сега сум повеќе семеен човек. Нема повеќе да ме гледате во ноќни клубови, ќе ме видите во парк како ги туркам моите деца, изјави Кол.
Неговата последна венчавка беше многу поскромна во споредба со неговата церемонија со Шерил, во Вротам Парк, Хертс, во 2006 година. Тогашната шоубизнис венчавка на деценијата го чинеше 500.000 фунти.