Совршениот ручек за во лето е едноставен и не чини многу: Запечени макарони со пиперки и тиквички

4671

Направете лесен летен ручек кој не чини многу, а се што ви треба се макарони и зеленчук.

Состојки:

пакување макарони
две помали тиквички
три печени црвени пиперки
главица кромид

три чешниња лук
неколку цветчиња брокула
200 гр пармезан сирење
200 гр излупени домати

магдонос, зачини
бибер, сол

Подготовка:

Кромидот и лукот ситно исечкајте ги, а тиквичките изрендајте ги и исцедете ја водата. Печената црвена пиперка и доматната паста сомелете ги во блендер и оставете ги на страна.

На масло пропржете го кромидот, додадете ги тиквичките и динстајте. Зачинете со билки и бибер. Во зеленчукот прелијте ги доматите и пиперките, намалете ја температурата и оставете да се динста околу дваесет минути. Брокулата исцедете ја.

Додека сосот се крчка, сварете ги макароните, процедете ги и измешајте ги со сосот. Истурете се во огноотпорен сад, посипете со пармезан, додадете ситно сечкан магдонос и варени цветчиња брокула. Се пече во загреана рерна додека да се растопи кашкавалот. Послужете топло.