Советот на Општина Градско доби дигитализирана сала за пренос во живо на седниците

34

Советот на Општина Градско доби дигитализирана сала за пренос во живо на седниците, која е во вредност од 11.200 долари.

Градоначалникот Киро Нацков информира дека дигитализацијата на салата за Советот на Општина Градско, преку поставување на видео и аудио опрема за пренесување на седниците во живо (on-line streaming) на официјалните веб-страници, Фејсбук и Јутјуб и архивирање на снимените седници на веб-страниците на општините е овозможено со финансиска поддршка од УНДП, Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа преку проектот „Зајакнување на општински совети-фаза 2″.

– Со овој проект  жителите на Општина Градско добија можност за поголем пристап до повеќе информации. Воедно, со пренесување преку оваа опрема на седниците во живо ќе се овозможи и поголема транспарентност во работата на локалната самоуправа и работата на Советот. Исто така, ќе им се овозможи и на жителите од населените места во општина Градско да имаат можност да се вклучат во процесот на донесување на одлуки во нивните заедници – изјави Нацков.

Тој појасни дека  жителите ќе можат да се информираат на страната на Општина Градско, кој ден и во колку часот ќе се одржуваат седниците на Советот.