Советот за безбедност расправа за Косово, остри критики за Приштина

348

Шефот на УНМИК Захир Танин остро ги критикуваше властите во Приштини и рече дека за време на неодамнешната полициска акција на косовските специјални единици на северот на Косово не бил почитуван имунитетот на службеник на мисија на Светската организација како и дека против него била применета прекумерна сила.

Српскиот министер за надворешни работи ивица Дачиќ во својот говор пред Советот рече дека „Приштина подготвува напад на северот од Косова”.

-Ве молам, многу сериозно сфатете го ова предупредување, рече Дачиќ.

Потсекретарот на ОН за правни прашања, Мигуел де Серпа Сантос објасни дека персоналот на ОН во Косово ужива имунитет од какво било апсење, и дека ако се случи нешто такво службениците мора да бидат пуштени и предадени на мисијата на ОН. Тој рече дека апсењето на служвеникот на УНМИК со руско државјанство е спротивно на правилата врз кои е воспоставена мисијата на ОН во Косово.