Исхраната богата со зеленчук и „посни“ протеини, а со малку храна што содржи шеќер и заситени масти, исто така, може да помогне да се спречат нарушувањата што влијаат на либидото, како што се метаболичкиот синдром и хормоналните состојби. Овие продукти се преполни со хранливи материи, кои може да го зголемат либидото и да го подобрат целокупното здравје

Марија СОКОЛОСКА

Некои продукти содржат хранливи материи што може да бидат корисни за сексуалниот живот. Здравиот сексуален нагон е поврзан со физичкото и со емоционалното здравје, така што не е изненадување што храната што ја јадеме игра улога во зајакнувањето на сексуалниот живот.

Продуктите што се хранливи може да бидат корисни за сексуалниот живот на многу начини, како:

  • зајакнување на либидото;
  • подобрување на протокот на крв и на здравјето на срцето;
  • подобрување на издржливоста.

Исхраната богата со зеленчук и „посни“ протеини, а со малку храна што содржи шеќер и заситени масти, исто така, може да помогне да се спречат нарушувањата што влијаат на либидото, како што се метаболичкиот синдром и хормоналните состојби. Овие продукти се преполни со хранливи материи, кои може да го зголемат либидото и да го подобрат целокупното здравје.

Остриги

Веројатно, сте слушнале за афродизијачките својства на остригите. Причината за тоа е тоа што се тие богати со цинк. Ова соединение го зголемува протокот на крв, што може да помогне во протокот на крв во половите органи. Цинкот може да биде особено важен за машката плодност, бидејќи помага во регулирањето на нивото на тестостерон. Недостигот од цинк има негативен ефект врз нивото на тестостерон. Остригите содржат повеќе цинк од кој било друг извор на храна, а една порција обезбедува 673 % од дневната вредност. Ако не сте љубител на мекотелите, тогаш пробајте јастог или рак. И двата вида школки се полни со цинк.

Изворите на цинк што не се во морската храна, може да ги најдете во:

  • говедското месо;
  • свинското месо;
  • печениот грав;
  • семките од тиква;
  • житарките збогатени со цинк.

Заклучок: остригите се богати со цинк. Јадењето храна богата со цинк може да го зголеми сексуалниот нагон, помагајќи да се подобрат протокот на крв и нивото на хормони.

Одредено месо

Јадењето месо или друга храна што содржи специфични аминокиселини, може да помогне во подобрувањето на сексуалниот живот.

Разновидната високопротеинска храна, вклучувајќи ги говедското, пилешкото и свинското месо, содржи соединенија што помагаат да се подобри протокот на крв, како:

  • карнитин;
  • Л-аргинин;
  • цинк.

Непречениот проток на крв е од клучно значење за сексуалниот живот кај двата пола. Конкретно, преглед од 2019 година сугерира дека додатоците на аргинин може да помогнат во лекувањето на блага до умерена еректилна дисфункција (ЕД). Сепак, имајте на ум дека јадењето премногу црвено месо може да биде лошо за срцето.

Внесувајте малку протеини од животинско потекло (во умерени количини за да избегнете зголемување на ризикот од срцеви заболувања) за да помогнете во одржувањето на непреченото функционирање на сите „системи“ во спалната соба.

Ако се храните вегетаријански, може да ги добиете овие хранливи материи од целите зрна и од млечните производи, вклучувајќи ги млекото и сирењето.

Карнитинот и Л-аргининот се аминокиселини што се наоѓаат во разновидната високопротеинска храна. Особено добар извор на цинк се целите зрна и млекото.

Заклучок: одредена храна богата со протеини, вклучително и месото, содржи аминокиселини, кои го подобруваат протокот на крв. Некои аминокиселини може дури да помогнат во лекувањето ЕД.

 Лосос

Лососот е познат по тоа што има омега-3 масни киселини, кои се здрави за срцето. Рибата со розово месо, како и сардините, туната и камбалата, би можела да игра улога во одржувањето на телото и на сексуалниот живот здрави. Омега-3 помага да се спречи таложењето наслојки во артериите и да овозможи нормален проток на крв во телото.

Одржувањето непречено функционирање на циркулаторниот систем го намалува ризикот од одредени болести што ја нарушуваат сексуалната функција.

Рибата е, исто така, одличен извор на протеини, витамин Б12, витамин Д и на железо. Содржи и цинк. За да бидат вашите срце и тело здрави, извор од Управата за храна и лекови (FDA) препорачува да јадете најмалку две порции риба неделно.

Заклучок: мрсните риби како лососот го одржуваат срцето здраво, овозможувајќи здрав проток на крв во телото.

Јаткасти плодови и семиња

Наместо бонбони, пробајте да грицкате грст јаткасти плодови и семки. Индиските ореви и бадемите се полни со цинк, додека голем број здрави грицки содржат Л-аргинин за проток на крвта.

Обидете се со следново:

  • ореви;
  • семки од тиква;
  • семки од сончоглед;
  • лешници;
  • кикиритки.

Оревите се двојно корисни, бидејќи се богати и со омега-3.

Заклучок: јаткастите плодови и семките содржат соединенија, вклучително и цинк, Л-аргинин и омега-3, што може да помогнат да се подобри сексуалната функција.

Јаболка

Јаболката се богати со соединение наречено кверцетин. Овој антиоксиданс, еден вид флавоноид, овозможува голем број здравствени придобивки. Што се однесува до сексот, кверцетинот игра улога во:

  • подобрувањето на циркулацијата;
  • лекувањето ЕД;
  • справувањето со симптомите на простатитис;
  • може да го намали крвниот притисок во дози поголеми од 500 мг на ден.

Високиот крвен притисок може да доведе до сексуална дисфункција, бидејќи оштетувањето на крвните садови го нарушува протокот на крв во гениталиите. Ова е една од причините за ЕД.

Цвекло

Цвеклото е богато со антиоксиданси и со витамини и е здрав додаток на секоја диета. Исто така, богато е со нитрати, што значи дека може да помогне во подобрувањето на сексуалниот живот.

Нитратите во исхраната ги прошируваат крвните садови, процес познат како вазодилатација, кој го подобрува протокот на крв. Ова има добар ефект врз мускулната контракција. Поради ова, некои спортисти внесуваат нитрати за да ги подобрат перформансите.

Некои студии дури сугерираат дека само една доза сок од цвекло (или дози во текот на неколку дена) може да ги подобри перформансите на луѓето при интермитентните вежби со голем интензитет, со кратки периоди на одмор. Истражување, исто така, сугерира дека диететските нитрати од сокот од цвекло може  да помогнат во регулирањето на крвниот притисок. Истражувачите велат дека може да им користи ова на луѓето со нормален крвен притисок и на оние со хипертензија. Овие механизми, теоретски, би можеле да помогнат да се подобрат протокот на крв и издржливоста во текот на сексот, а истовремено и да се подобри здравјето на срцето во целина.

Меѓу другата храна богата со нитрати  се и:

  • спанаќот;
  • руколата, позната и како ракета;
  • cress, исто така познат како градинарски cress;
  • зелената салата;
  • целерот
  • трупката.

Заклучок: храната богата со нитрати, како цвеклото и сокот од репка, може да помогне во регулирањето на крвниот притисок и да ја подобри циркулацијата.

Црвено вино

Како и јаболката така и црвеното вино содржи кверцетин, антиоксиданс што го поттикнува протокот на крв. Студија од 2009 година во која учествуваа 798 жени покажа дека редовното умерено внесување црвено вино е поврзано со поголемата сексуална желба, подмачкувањето и со целокупната сексуална функција. Истражувачите забележаа дека пиењето повеќе од две чаши црвено вино дневно или уживањето во други видови алкохолни пијалаци не ги дава истите резултати. Сепак, прекумерното пиење вино или каков било алкохол може да има спротивен ефект, што доведува до сексуална дисфункција.

Заклучок: умереното пиење црвено вино може да ги зголеми сексуалните желба и функција, но прекумерното пиење може да има спротивен ефект.

Во крајна линија

Одредени видови храна може да ја поттикнат крвта да пумпа и да ги зголеми нивоата на хормони, но диетата не е секогаш доволна за да се подобри сексуалниот живот. Разговарајте со вашиот лекар ако недостигот на желба, болката во текот на сексуалниот однос или импотенцијата ве спречуваат да уживате во интимната врска со партнерот.