Во собранието во тек е комисијата за надзор врз работата на АНБ за како што кажа нејзиниот претседател Скендер Реџепи незаконското назначување на директорот Бојан Христовски. Комисијата е на барање на членовите на СДСМ.Драган Ковачки од ВМРО ДПМНЕ реагираше дека нема материјали за денешната комисија, но сепак ќе ја прифатат со цел да се расчистеле работите. Рече дека се сака да се прави ,,лов на вештерки,, од страна на како што кажа ,, сеништа од минатото,,. Побара дополнување на дневниот ред, да се посетат АНБ и АР, по наводите на премиерот дека некој го следел со дрон додека бил во опозиција. Претседателот на комисијата Реџепи реце дека не е можно сеуште да извршат физички надзор на институциите за разузнавање поради тоа што некои немаат безбедносни сертификати. (П.А)